Времето денеска ќе биде претежно облачно и тивко со температури што ќе се движат до 17 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува и слаб ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од -4 до 2 степени, а максималните ќе достигнат од 12 до 17 степени.
Во Велес времето ќе биде претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.

















