Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Особено претпладне, во југозападните и јужните делови од земјата ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 10 до 17 степени.
Времето во Велес ќе биде претежно облачно со повремен послаб дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од минимални 9 до максимални 14 степени.

















