Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините утре врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, информираат од УХМР.

















