Денеска времето на целата територија на земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во јужните делови, каде според Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), локално се очекува да наврнат и над 40 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од северн правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од пет до 12 степени.
Во Велес, исто така, ќе биде облачно со врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во Велес ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

















