Со доминантна игра и чисти 3:0 во сетови на гостувањето кај истоимената екипа во Куманово, женската одбојкарска екипа на Борец го заокружи есенскиот дел од сезоната. Велешанки контролираа од почеток до крај и заслужено славеа, ставајќи успешен печат на првиот дел од шампионатот.
По крајот на есенскиот дел, Борец ја завршува есента на солидното 5. место на табелата, со вкупно седум остварени победи, што е добра основа за уште посилен пролетен дел.
Успешен беше и неделниот ден за одбојката во Велес. Во пионерска конкуренција, младите одбојкарки на Борец забележаа две победи, совладувајќи ги екипите на Газели и Планет, потврдувајќи дека клубот има сигурна иднина и квалитет кој доаѓа.

















