Одбојкарите на ГОК Борец Велес имаа одлично отворање на плејоф-разигрувањето во Првата машка лига, откако запишаа значајна гостинска победа над директниот ривал Работнички 71&22. Велешани во Скопје славеа со 3:1 во сетови (15:25, 25:20, 16:25, 20:25) и направија голем чекор кон подобра позиција на табелата.
Со оваа победа, Борец воедно му се реваншираше на Работнички 71&22 за поразот на стартот од сезоната, испраќајќи јасна порака дека плејофот го започнува со високи амбиции.
Следните натпревари ќе бидат нов тест за формата на велешките одбојкари, но почетокот најавува борбен и мотивиран Борец во продолжението од разигрувањето. Според пропозициите во плеј-оф разигрувањето, екипите од од првото до шестото место ги пренесуваат бодовите од првиот дел. Играат двокружно „секој со секого“, а потоа првите четири екипи ќе обезбедат пласман во полуфиналето на плеј-офот и ќе се борат за шампионската титула.

















