Одлична форма и репрезентативни амбиции, велешанецот Филип Николов го предводеше Бутел до победа

Со вистинско гол-шоу се истакна велешанецот Филип Николов на гостувањето на Бутел Скопје кај Пролет, каде што неговиот тим славеше значајна победа од 26-23 и направи крупен чекор кон пласман во плеј-офот, каде напролет ќе се води битката за шампионската титула.

Николов беше прво име на натпреварот и најдобар стрелец на победничката екипа, постигнувајќи дури 14 погодоци, со што го предводеше Бутел до триумф на незгодниот гостински терен. Неговата ефикасност и лидерска улога беа клучни во моментите кога се решаваше исходот од средбата.

Agria

Одличните партии на велешанецот не останаа незабележани, па така Николов се најде и на поширокиот список од 35 ракометари на селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, за настап на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Своето деби во националниот дрес Николов го имаше на пријателските натпревари против селекцијата на Јапонија, каде што за првпат доби шанса да се докаже и на репрезентативната сцена.

Филип Николов своите ракометни почетоци ги има во велешкиот Борец, каде ги направи првите чекори во ракометот. Пред да се пресели во Бутел Скопје, тој настапуваше и за екипата на Охрид, а со актуелната форма јасно покажува дека е еден од најстандардните и најопасни стрелци во домашното првенство.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: