Општинската фудбалска лига Велес започнува на 27 септември

Opstinska liga

Со вчерашната ждребка и официјално започна новата сезона на Општинската фудбалска лига Велес. Првото коло е закажано за 27 и 28 септември, а оваа година во лигата ќе се натпреваруваат седум екипи. Екипата на Бузалково се повлече од натпреварувањето, а минатогодишниот шампион Тополка ќе се натпреварува во повисок ранг, односно во Третат фудбалска лига – Југ.

Првото коло ќе донесе три возбудливи натпревари:

Agria
  • МладостЛокомотива

  • СоглеРаштани

  • ВрановциФорц Нова

Екипата на Горски е слободна во ова коло, поради непарниот број на учесници.

Новата сезона ветува интересни дуели и борба за првото место, кое оваа година ќе добие нов шампион. Натпреварите ќе се играат на локалните игралишта во општина Велес, со поддршка од љубителите на аматерскиот фудбал.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: