Пионерската екипа на ракометниот клуб Гемиџии го претрпе третиот пораз оваа сезона, но прв на домашен терен. Во возбудлив и неизвесен натпревар одигран во Велес, подобри од нив беа пионерите на Младост од Богданци со резултат 23:20.
Гостите од Богданци имаа иницијатива во најголем дел од натпреварот, водејќи го резултатот до 25. минута. Тогаш домашниот тим првпат стигна до водство и успеа да поведе со 18:16 до 30. минута. Сепак, во финишот на мечот, Младост беше поодлучна, ги искористи грешките на Гемиџии и заслужено ја однесе победата.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Матеј Митев од Младост, додека кај домашниот тим се истакна Горјан Зафиров со 5 погодоци.