Пионерите на „Гемиџии“ утре го играат последниот есенски натпревар во Автокоманда

Ракометните пионери на „Гемиџии“ утре од 11 часот ќе го одиграат последниот натпревар од есенскиот дел од сезоната. Велешкиот состав го очекува тешко гостување во спортската сала во Автокоманда, каде ќе се соочи со второпласираниот тим на „Алкалоид“, кој досега има само еден пораз.

По минатонеделниот триумф над „Шампион“, младите велешки ракометари влегуваат мотивирани и со надеж за добра игра против фаворитот во овој дуел. Тренерскиот тим очекува борбен и дисциплиниран настап, со цел да се затвори есенскиот дел со позитивен впечаток.

Agria

Судии на натпреварот ќе биде судиската двојка Ѓорѓиевски – Стефан и Моника од Скопје.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: