Питу Гули ја стопираше серијата на Борец 1919, велешани со бод од Крушево

Фудбалерите на Борец 1919 ја прекинаа својата победничка низа, откако на гостувањето во Крушево одиграа нерешено 1:1 против екипата на Питу Гули. Иако велешани дојдоа по три бода и продолжување на серијата, домаќините успеаја први да поведат и сериозно да ги доведат во опасност нивните амбиции.

Крушевчани го отворија резултатот во 66. минута преку Адмир Угљанин, кој по една брза акција ја затресе мрежата на Борец. Кога се чинеше дека домашниот тим ќе стигне до победа, Борец ја покажа својата препознатлива борбеност. Во судиското продолжение, Марко Миловановиќ реагираше најдобро и со прецизен удар го постави конечниот резултат – 1:1.

Agria

По одиграни 10 кола, Борец 1919 останува лидер на табелата со 25 освоени бодови, три повеќе од Превалец, кој има и натпревар помалку. Во следното коло велешани се слободни, па ќе имаат време да се подготват за продолжение на првенството и одбрана на врвната позиција.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: