Питу Гули му го нанесе првиот пораз на Башкими

Bashkimi Jabolciste

Екипата на Башкими од Горно Јаболчиште го претрпе првиот пораз во Третата фудбалска лига – Југ. На гостувањето во Крушево, екипата на Питу гули беше подобра и го совлада Башкими со резултат 2:0.

Стрелец на двата погодока за Питу Гули беше Музафер Алиоски во 20. и 72. минута. Интересен факт е дека екипата на Питу Гули им ги нанесе единствените порази и на Големо Коњари и Башкими.

Agria

По девет одиграни кола, екипата на Башкими падна на третата позиција со 15 освоени бода, девет помалку од лидерот Големо Коњари. Наредното коло во Населбата Чашка ќе се одигра дербито на Трета лига – Југ, против Големо Коњари.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: