
Четитинаесетгодишната Клара Т. која исчезна вчера вечер во населбата Илинден е најдена, потврдуваат од МВР. Таа ќе биде предадена на семејството која ја пријави за исчезната по кавга во домот.
Содржината продолжува под рекламата
„Денеска (03.08.2024) околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа К.Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје, на 02.08.2024 околу 23.45 часот беше пријавено дека по претходна расправија, се оддалечила од домот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Клара изчезнала вчера околу 18 часот, а на социјалните мрежи беше објавен апел за нејзино пронаоѓање.
Можеби ќе ве интересира:
- Шуга во велешката касарна: Војници алармираат за нехигиенски услови, АРМ демантира
- Без возачка, ама зад волан, тројца приведени во Велес, возилата одземени
- (ФОТО) МВР со детали за акцијата: Автоматски пушки и бомби пронајдени кај групата која планирала одмазда за осудени терористи
- СДСМ: Наместо нови лица – стара банда
- Драган Ковачки избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
















