Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи за два денари да ја зголеми цената на дизелот, а цената на бензините останува непроменета.
Според тоа, од полноќ дизелот ќе се продава по цена од 71 денар за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 70 денари за литар.
Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 73,5 денари, а Еуросупер БС-98 за 75,5 денари за литар.

















