Општинскиот фудбалски сојуз на Велес (ОФС), вчера со жрепка ги одреди дуелите во рамки на четвртфиналето од општинскиот Куп во кој бранителот на трофејот екипата на Горски ќе игра на гостински терен против екипата на Согле.
Форца Нова ќе биде домаќин на Младост, Тим Локомотива ќе ја пречека екипата на Раштани во Градско, додека екипата на Врановци е слободна во оваа фаза од натпреварувањето.
Натпреварите се на програмата наредниот викенд на терените во Велес, Чашка и Градско.

















