30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Превалец со интезивни подготовки ја темпира формата за освојување на врвот на Третата фудбалска лига – Југ

Prevalec Euromilk prijatelska

Фудбалерите на Превалец, под водство на тренерот Димче Маневски веќе три недели се во тренажен процес, и досега одиграа пет натпревари кои сите ги добија во своја корист. Денес во Велес го одиграа петиот контролен натпревар против екипата на Еуромилк од Горно Лисиче кој го добија со резултат 3:2. Стрелци на погодоците за Превалец беа  Дејан Стефановски, Пеце Стојанов и Ангел Гаштев.

Zito akcija 640x289px

Претходно Превалец ги доби натпреварите против Горски со резултат 6:2, Младост со 5:2, Башкими со 4:1, Форца 4:2.

Agria

Пролетниот дел од Третата фудбалска лига – Југ започнува на 2 март, кога во Превалец ќе гостува екипата на Бучин. Превалец заостанува зад лидерот Големо Коњари само четири бода, што и не е недостижна предност.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: