Со натпреварот одигран во село Мало Коњаре помеѓу Влазними Јуниор и Превалец, беше означен почетокот на 7. коло од Третата фудбалска лига – Југ. Екипата на Превалец од Велес забележа убедлива победа од 0:3 и ги освои трите бода, потврдувајќи ја својата добра форма во првенството.
Иако гостите доминираа во текот на целиот натпревар, головите дојдоа дури во второто полувреме. Сериијата ја отвори Маневски Кристијан во 54. минута, по што Гаштев Ангел го зголеми водството во 65. минута. Крајниот резултат го постави Манасиев Јосиф во 86. минута, за сигурна и заслужена победа на Превалец.
Со оваа победа, Превалец го превзема врвот на табелата барем до утрешните натпревари, додека Влазними Јуниор ќе мора да бара рехабилитација во наредното коло.


















