Превалец со убедлива победа над Дреново

Prevalec Drenovo

Во рамките на 24 коло од Третата македонска лига – Југ, екипата на ФК Превалец забележа убедлива победа од 8:3 против гостинскиот состав на ФК Дреново. Иако првото полувреме заврши нерешено со резултат 3:3, во вториот дел домаќините комплетно доминираа и постигнаа уште пет погодоци без да примат ниту еден.

Zito akcija 640x289px

Најистакнат поединец на натпреварот беше Пеце Стојанов, кој постигна хет-трик (3 гола), а во листата на стрелци се запишаа и Ангел Гаштев со 2 погодоци, Ристе Станковски со уште 2 и Бобан Дукадиновски со 1 гол.

Agria

Со оваа победа, ФК Превалец останува на втората позиција на табелата со 47 освоени бода. Водечка екипа во лигата останува Големо Коњари со 51 бод. За  Превалец во следните кола борбата за  врвот и обезбедување баржа за влез во Втората фудбалска лига.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: