САД го суспендира издавањето визи за 75 земји, меѓу нив и Македонија

pretstavnicki dom Amerika

Администрацијата на Доналд Трамп ја суспендира обработката на имигрантските визи за апликанти од 75 земји, потврди портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот. Одлуката ја опфаќа и Македонија, според листата на предложени земји, што во целост ја објави „Фокс њуз“.

Пигот не даде детали за планот, што прв го објави „Фокс њуз“, кој се повика на меморандум од Стејт департментот.

Agria

Од европските земји, покрај Македонија, на листата се наоѓаат и Албанија, Ерменија, Белорусија, БиХ, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора и Русија, како и Бразил, Иран, Кувајт, Нигерија, Пакистан, Тајланд, Тунис, Уругвај и други.

Според „Фокс“, паузата ќе почне на 21 јануари.

„Обработката на имигрантските визи од овие 75 земји ќе биде паузирана додека Стејт департментот ги преиспитува процедурите за обработка на имиграцијата за да се спречи влезот на странски државјани кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции“, рече Пигот.

Суспензијата се однесува само на имигрантските визи, како што се оние за вработување во САД. Таа не се однесува на студентските и туристичките визи, па нема да важи за оние кои сакаат да патуваат на Светското фудбалско првенство во САД ова лето.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: