Со засилувања од странство и домашни таленти, Борец Баскет влегува подготвен во новата сезона

Borec Basket Mega Basket

Кошаркарскиот клуб Борец Баскет од Велес ја стартува новата сезона со амбициозен и внимателно селектиран состав, кој комбинира искусни играчи, млади репрезентативци и  засилувања од странство.

Во сезоната 2025/26, ќе се натпреваруваат вкупно 14 екипи поделени во две групи, а Борец Баскет е дел од Група Б, заедно со екипите на, Бутел, Спортисимо, Струмица ФМП, Струмица, Ролинг, Соколи 1933 и Овче Поле. Натпреварите ќе се играат по двокружен систем („секој со секого“) во 14 кола. Потоа следува втората фаза, во која се формираат две нови групи: ТОП-8 и Плеј-аут 6.

Agria

Првиот натпревар, кој требаше да се одигра викендов против Соколи 1933, е одложен за 22 октомври (среда) поради изборните активности. Натпреварот ќе се игра во Штип, со согласност на двата клуба. Првиот натпревар пред велешката публика е резервиран за 15 ноември кога во Велес ќе гостува екипата на Бутел.

Од минатогодишниот состав, клубот го задржа следниот костур на играчи, Александар Стеријев, Петар Виларов, Суад Карталовик, Кристијан Петровски како и Стефан Митрев и Никола Зафирчев. Нови засилувања за клубот се Давид Трпески – бек/плејмејкер, доаѓа од Маџари, Стефан Сапроновски – младински репрезентативец, оваа сезона повторно со двојна лиценца од Маџари, Чамдамов и Нестеровски – со двојна лиценца од Тиквеш, Матеј Велсковски –  со двојна лиценца од МЗТ Скопје, како и веќе најавеното американско засилување во името на Дерек Елис Јуниор – 23-годишен бек-шутер од САД, кој доаѓа од Флаглер Колеџ, каде што настапуваше во NCAA Дивизија 2.

Особено внимание заслужува младинската генерација М18, која сезоната ја започна без пораз. Се истакнуваат неколку исклучително талентирани играчи со просечна висина над 200 см кои ќе добиваат шанса на терен. Кристијан Коцевски – кадетски репрезентативец, Христијан Андов и Марјан Климкаров како и останати членови од генерацијата кои покажуваат континуиран напредок.

Клубот од Велес влегува во новата сезона со јасна цел – развој на млади играчи, создавање конкурентен тим и пласман меѓу најдобрите осум. Со нови засилувања, особено пристигнувањето на американскиот шутер Елис, Борец Баскет најавува сериозен пристап и борбен дух.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: