Денес и официјално започнува новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија, а својот прв натпревар ќе го одигра и велешкиот претставник, екипата на Борец Баскет.
Според првичниот распоред, Борец Баскет требаше да ја пречека екипата на Соколи 1933 на домашен терен, но по заемна согласност меѓу двата клуба, натпреварот е префрлен и ќе се одигра во Штип. Мечот ќе се одигра во спортската сала „Јордан Мијалков“ со почеток од 18:00 часот.
И двете екипи се дел од Групата Исток и се очекува интересен и неизвесен дуел на стартот од сезоната. Борец Баскет ќе се обиде со позитивен резултат да ја започне новата натпреварувачка година, додека Соколи 1933 ќе се обиде да ги искористи условите во Штип и да дојде до победа на домашен терен.