Стартуваше Третата фудбалска лига – Југ, Превалец доминантен, Росоман го изненади Борец

Со возбудливи натпревари и неколку изненадувања, викендов започна новата сезона во Третата фудбалска лига – Југ. Екипата на Превалец со убедливи 6:0 го совлада тимот на Млекар, демонстрирајќи одлична форма уште на стартот. Кристијан Маневски беше херојот на натпреварот со три постигнати гола, а по еден погодок додадоа Александар Јордановски, Марјан Стефановски и Димче Ставревски.

На гостински терен, Тополка не успеа да дојде до позитивен резултат и загуби со 2:0 од Влазними Јуниор. Двата гола за домаќините ги постигна Самир Салиу, кој ја реши средбата со сигурна реализација.

Agria

Натпреварот помеѓу Слога од село Лажани и Башкими од Горно Јаболиште не се одигра, засега без официјално објаснување за причините. Во едно од поголемите изненадувања од првото коло, Росоман го совлада минатогодишниот второлигаш Борец 1919 со 1:0, благодарение на голот на Бојан Миланов.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: