Денеска официјално заврши учебната 2024/2025 година за учениците од основните и средните училишта. Тие заминуваат на летен распуст што ќе трае до 31 август.
Матурантите, пак, наставата ја завршија на 16 мај. Утре (11 јуни) ги очекува вториот екстерен испит од државната матура, откако на 31 мај над 15.000 ученици го полагаа задолжителниот испит по мајчин јазик.
Полуматурантите овој месец треба да се запишат во прва година средно образование, со што започнува ново поглавје во нивното образование.