Велешанецот Филип Николов, ракометар на РК Бутел, се најде на списокот на резерви на машката репрезентација на Македонија, кој го објави селекторот Кирил Лазаров. Николов не е дел од официјалните 21 ракометар кои ќе ги започнат подготовките а 18 што ќе бидат во конкуренција за настап на Европското првенство 2026 година, но ќе биде на располагање за случај на повреди или други промени во тимот.
Подготовките за ЕП започнуваат на 22 декември, а тимот потоа заминува за Пореч, каде на 28 декември ќе го одигра првиот пријателски натпревар против Хрватска. По Нова година, македонската репрезентација ќе учествува на „Жолт Куп“ во швајцарскиот град Винтертур, од 8 до 10 јануари, каде ќе се тестира против Швајцарија, Бахреин и Украина.
Македонија ќе игра во групата Б на Европското првенство, чијшто натпревари ќе се одржат во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг. Противници на нашиот национален тим ќе бидат Данска, Португалија и Романија.
Николов, кој оваа сезона бележи солидни партии за Бутел, со својата позиција на списокот на резерви се приклучува кон редот на македонските ракометари кои се во фокусот на селекторот, и останува опција за настап доколку се појави потреба.

















