Велешанецот Кристијан Смилев знаменосец и гордост на Македонија на ЕМОФ 2025

Kristija Smilev kajakar EMOF

Младиот кајакар од Велес, Кристијан Смилев, ќе ја има исклучителната чест да биде знаменосец на македонската репрезентација на отворањето на Европските Младински Олимписки игри (ЕМОФ) 2025. Со својата посветеност, спортски дух и досегашни успеси, Смилев стана симбол на младинската спортска енергија што ја движи Македонија напред.

Член на кајакарскиот клуб „Бабуна“ и под водство на тренерот Сашко Нацев, Кристијан Смилев веќе неколку години се етаблира како едно од најперспективните имиња во македонскиот спорт. Неговата посветеност и талент му ја донесоа честа да го носи македонското знаме на една од најважните спортски манифестации за младите во Европа.

Agria

Покрај Смилев, знамето ќе го носи и одбојкарката Матеа Поповска, која заедно со него ќе ја претставува Македонија на свеченото отворање.

Оваа година, Македонија ќе учествува со рекордно голема делегација на ЕМОФ 2025 – вкупно 203 учесници, од кои 181 спортист и 22 тренери, што е најголемиот број досега на ваков настан.

Настаните во кајак слалом ќе се одржат на Спортскиот центар „Матка“, каде што Смилев ќе има шанса да се натпреварува пред домашна публика. Преносот на овие трки ќе го овозможи велешката видео продукција Live Streaming Production, овозможувајќи илјадници гледачи да го следат натпреварувањето во живо.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: