Велешанецот Ранготов ја заврши репрезентативната футсал кариера

Darko RAngotov

Капитенот на националната футсал селекција велешанецот Дарко Ранготов објави дека ја завршува својата долгогодишна и крајно успешна репрезентативна кариера. Ова го потврдија на својата фејсбук страна и од клубот во кој настапува КМФ Проект.

Zito akcija 640x289px

На последниот натпревар кој го одигра во дресот на Македонија постигна два погодоци против Шведска, на дуелот за пласман за светското футсал првенство 2024, во победата на Македонија од 3:1, а пред почетокот на средбата доби признание од ФФМ за неговиот огромен репрезентативен придонес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Неговата клубска кариера е импресивна. Во домшното футсал првенство има играно за КМФ Велес, КМФ Гемиџии од Велес, КМФ Хедис, КМФ Железарец, а во моментов е играч и капитен на КМФ Проект. Покрај во домашното футсал првенство, како интернационалец кратко играше во Либан и две успешни сезони во екипата на Сквер од Дубровник, Република Хрватска.

На клубско ниво, екипно има освоено 6 шампионски титули, како и 5 КУП трофеи, а од ФФМ еднаш беше прогласен за најдобар футсал играч во Македонија. За националниот футсал тим има одиграно 111 натпревари, на кои постигна 50 погодоци.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: