(ВИДЕО) Борец Баскет го промовираше засилувањето од САД, Дерек Елис Јуниор

Кошаркарскиот клуб Борец Баскет го промовираше своето најново засилување – Американецот Дерек Елис Јуниор. На официјалната промоција, тим-менаџерот на клубот, Кокан Темелковски му посака добредојде и го претстави новиот играч пред јавноста.

„Денес го презентираме новото засилување на Борец Баскет, играч од кој очекуваме многу, но пред се човек кој ќе ја почуствува боречката енергија и дух што не краси сите овде. Во името на управата и сите членови на клубот му посакувам топло добредојде на нашиот нов играч од САД, Дерик Елис Јуниор. Нека ова биде почеток на една успешна приказна исполнета со победа, страст, и вистинска спортска борба“ потенцираше во преставувањето на новото засилување на Борец Баскет, Кокан Темелковски Тим менаџерот на клубот.

Agria

Тренерот Ангел Љутков изрази надеж дека со доаѓањето на Елис ќе се подобрат резултатите на екипата и дека неговото искуство ќе биде значаен придонес за тимот. Иако пристигнал по долго патување од САД, Елис веќе ги одработи првите тренинзи со своите нови соиграчи. Од клубот очекуваат, по завршување на потребната документација, Елис Јуниор да го има своето деби во сабота во Струмица, во натпреварот против екипата на Струмица Ролинг.

„За жал ситуацијата со почетокот на сезоната, не поради наша вина не го одигравме натпреварот на домашен терен, туку моравме да се замениме како домаќини со екипата на Соколи. Екипата и во двата натпревари беше ослабена со неиграњето на сите играчи со двојна лиценца, исто така не можеме сеуште да сметаме на најдобриот наш кошаркара Стефан Митрев, поради повреда, како и отсуството на најискусниот Петар Виларов придонесе да имаме два пораза на стартот од првенствот. Со доаѓањето на Дерек Елис, се надеваме на подобри резултати на клубот и освојување на место кое носи во плеј оф разигрувањето за пласман во Првата кошаркарска лига“, изјави на преставувањето тренерот Ангел Љутков.

На претставувањето, Дерек Елис Јуниор изјави дека е возбуден што станува дел од Борец Баскет и дека едвај чека да ги покаже своите квалитети на теренот, особено пред публиката во Велес. Тој додаде дека очекува успешна сезона и добри партии во дресот на новиот клуб.

„Возбуден сум што сум тука, да му помогнам на клубот. Доаѓам од САД, поточно од Флорида, играв на национално ниво, и во средно училиште и на колеџ. Секаде каде што бев помагав на клубот да победува. И во двете училишта каде што играв помогнав да се пласираат на национално ниво, да бидат во топ 10 во земјата, и се надевам дека ќе го правам истото и тука. Тука сум само два дена, веќе тренирав со тимот вчера и се надевам дека ќе дебитирам во сабота во Струмица“, изјави на своето преставување Дерек Елис Јуниор.

Велес последен пат гледаше прволигашка кошарка далечната 2003 година. Новите правила на Кошаркарската федерација од сезонава дозволија странски засилувања и во Втората лига, така да велешани ќе можат да уживаат во мајсториите на Дерек веќе од наредната недела кога во Велес ќе гостува екипата на Бутел.

 

 

 


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: