(ВИДЕО) Борец ја наполни мрежата на Бучин

Borec Bucin

Започна есенскиот дел од Третата фудбалска лига – Југ. Фудбалерите на Борец го декласираа својот противник, екипата на Бучин, испракајќи го од Велес со девет гола во неговата мрежа.

Содржината продолжува под рекламата

Гостите во ниту еден момент не можеа да парираат на разиграните млади фудбалери на Борец. Се беше решено уште во првиот дел кога на одмор се замина со водство од 4:0. Во вториот дел велешани постигнаа уште пет погодоци, за конечни Борец – Бучин 9:0.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во останатите натпревари од Третата фудбалска лига – Југ, се постигнати следните резултати, Ултрас – Локомотива 3:2, Младост – Слога 2:2, Големо Коњари – Росоман 2:1, Питу Гули – Мaрена 2:1, додека екипата на Превалец е слободна.

Головите, како и целиот натпревар Борец – Бучин можете да ги погледнете тука,

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: