(ВИДЕО) СДСМ: Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата

СДСМ остро реагираше на најавената лидерска средба за укинување на техничката влада, која треба да се одржи денеска, оценувајќи дека секој што ќе учествува на средба со Христијан Мицкоски директно го легитимира криминалот и корупцијата на актуелната власт.

Во соопштението, Социјалдемократски сојуз на Македонија наведува дека сите политички субјекти кои ќе седнат на маса со Мицкоски за укинување на техничката влада стануваат соучесници во, како што се наведува, „легитимирањето на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“, во анти-ЕУ кампања за изолација на земјата, како и во планот за предвремени избори без основни услови тие да бидат фер и демократски.

Agria

Од СДСМ дополнително предупредуваат дека, според нив, по ваквите чекори следи и реализација на планот „мигранти за пари“, за кој тврдат дека е дел од поширока стратегија на власта.

„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може подоцна да тврди дека не бил соучесник“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека сите чекори што досега ги презела власта – изолација, избори и мигранти за пари – биле однапред најавени од опозицијата.

Инаку, денеска ќе се одржи најавената лидерска средба на која треба да се разговара за можноста за укинување на техничката влада, тема која предизвика остри политички реакции и поделби меѓу партиите.

СДСМ порачува дека останува „со граѓаните, на вистинската страна“, нагласувајќи дека ќе продолжи да се залага за европска интеграција, правда и борба против корупцијата и криминалот.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: