
Борец 1919 одигра реми 2:2 на четвртиот натпревар од подготовките пред почетокот на Втората фудбалска лига. Противник беше Детонит Плачковица од Радовиш, а тимот на Љупчо Димитковски – Гањо одигра квалитетно, и успеа два пати да ја затресе мрежата на радовишани.
Содржината продолжува под рекламата
Резултатот го отвори Јосиф Манасив уште во 3 минута по добро изведена акција со Милан Чичевски. Во 26 минута Таипи најдобро се снајде по една нафрлена топка во шеснаесетникот на Борец. Гостите заминаа со предност на полувреме со одлично изведениот слободен удар на Настевски во 43 минута.
Содржината продолжува под рекламата
Конечниот резултат го постави Јосиф Манасиев со својот втор погодок во 69 минута од натпреварот. Следен тест за велешани е контролниот натпревар против Силекс во недела.
Можеби ќе ве интересира:
- ЕКО авантура на Изворска Јуниор со успешна завршница и нови хоризонти!
- Пожар кај Градскиот пазар во Велес, огнот бил во стан, првично се мислеше дека гори „Нептун“
- Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
- Брза интервенција на пожарникарите, изгаснат пожар во продавница за бела техника „Нептун“ во Велес
- Велешанец на 40-годишна возраст кршел инвентар и се заканувал на медицнскиот персонал во здравствена установа
















