Виола Волеј по драматични пет сета поразена во Тетово

Младите одбојкарки на Виола Волеј загубија на гостувањето во Тетово, каде по голема борба беа совладани од Универзитет Тетово со 3:2, во претпоследното 11. коло од есенскиот дел во Втората одбојкарска лига за жени.

Велешанки го отворија натпреварот одлично и го добија првиот сет со 25:21. Но домаќините возвратија со силен ритам, преземајќи ги следните два сета со 25:17 и 27:25. Виола Волеј успеа да се врати во игра и да го освои четвртиот сет со 25:22, изборувајќи решавачки тај-брејк.

Agria

Во петтиот сет сепак повеќе концентрација имаа тетовчанки, кои со 15:10 стигнаа до својата втора победа во сезоната. И покрај поразот, младата екипа на Виола Волеј прикажа борбена и мотивирана игра, а полусезоната ќе ја затвори наредната недела со последното есенско коло.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: