Виола Волеј со победнички старт во пролетниот дел, триумф во Струмица

По едномесечната пауза, викендов продолжи првенството во Втората женска одбојкарска лига за сезоната 2025/26, а велешката екипа на Виола Волеј пролетниот дел го отвори со значајна гостинска победа.

Виола Волеј славеше во Струмица против домашната екипа на Виктори волеј со 3:1 во сетови (25:23, 26:28, 12:25, 12:25), во натпревар во кој велешанки покажаа карактер и сигурна игра во клучните моменти. Ова е четврта победа за Виола Волеј во вкупно 14 одиграни кола, со што екипата продолжува да собира бодови и искуство во второлигашката конкуренција.

Agria

Сениорскиот тим на Виола Волеј во овој дел од сезоната настапува со проширен состав, во кој значајна улога имаат пионерките, како и старо-новите одбојкарки Ива Илиевска и Јована Кариманчева. Токму спојот на младост и искуство донесе стабилност и резултат на гостувањето во Струмица.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: