Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремен слаб локален дожд и можност за ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен, на моменти и засилен ветер од северозападен правец, кој особено ќе биде изразен долж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, додека дневните ќе достигнат од 7 до 17 степени Целзиусови.
Во Велес се очекува облачно време со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе се спушти до околу 5 степени, а во текот на денот ќе достигне до 14 степени.

















