Втор ден од Детскиот фудбалски турнир во Велес, голови, пенали и возбудливи натпревари во Градскиот парк

Детскиот фудбалски турнир 2025, кој се одржува во Градскиот парк во Велес, продолжи со возбудливи натпревари и на вториот ден, привлекувајќи големо внимание од љубителите на спортот и поддржувачите на младите фудбалски таленти.

Екипата Наш’то Маало обезбеди пласман во четвртфиналето откако,  прво го декласираше тимот на Еурометал со високи 14:1, а потоа забележа уште една победа, овојпат над Којник со 2:0. Којник, пак, се рехабилитираше во последниот свој натпревар од денот, победувајќи го Еурометал со убедливи 5:1.

Agria

Дуелот меѓу Работник Галактикос и Тополка заврши нерешено 1:1, но по изведувањето на пенали, Тополка обезбеди победа со 2:0, запишувајќи важни поени во групната фаза. Денес се игра последниот ден од групната фаза, а на програмата се следните натпревари:

          🕖 19:00 – Оризари 🆚 Борец 1919

  • 🕢 19:45 – Нова Колонија 🆚 Работник Галактикос

  • 🕣 20:30 – Блум Бренд 🆚 КарФорЈу

  • 🕤 21:15 – Тополка 🆚 Нова Колонија

Турнирот е организиран од Општина Велес во соработка со фудбалскиот тренер Панче Нанев, со цел да се поттикне спортскиот дух, здравиот начин на живот и тимската игра кај најмладите. Настанот претставува одлична можност за децата од Велес и околината да се запознаат со вредностите на фер-плејот и да ги покажат своите фудбалски вештини.

Финалната фаза започнува наскоро, а организаторите најавуваат уште поголеми возбудувања и интересна завршница.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: