Второ коло од Третата лига – Југ носи нови предизвици за велешките клубови

Bashkimi Mladost

Овој викенд продолжуваат возбудувањата во Третата фудбалска лига – Југ, со натпреварите од второто коло кои ќе се одиграат во недела со почеток од 16:00 часот. Велешките клубови ќе се обидат да се наметнат и поправат впечатокот од првото коло, особено Борец 1919, кој ќе брка рехабилитација на домашен терен.

По неочекуваниот пораз во Росоман, Борец 1919 ќе го пречека тимот на Влазними Јуниор, со јасна цел, прва победа сезонава. Натпреварот на домашен терен е шанса за враќање на самодовербата кај тимот и најава за посериозна борба во натамошниот дел од шампионатот.

Agria

Превалец, кој и ова коло ќе биде домаќин, ќе се соочи со традиционално незгодната екипа на Питу Гули од Крушево. Со поддршката од својата публика, Превалец ќе се обиде да продолжи со позитивните игри и резултати.

Вториот тим од населбата Превалец, екипата на Тополка, вторпат по ред ќе гостува, овојпат во прилепското село Мало Коњаре против екипата на Млекар. Гостинскиот терен нема да биде лесен, но Тополка има амбиции да се врати со позитивен резултат.

Интересно ќе биде и во Горно Јаболчиште, каде што екипата на Башкими ќе го одигра својот прв натпревар сезонава, против екипата на Младост. Домашниот терен може да биде клучен адут за Башкими во потрага по стартни бодови.

Сите натпревари од второто коло се закажани за недела, со почеток од 16:00 часот. Очекуваме борбени дуели, локални ривалства и нови причини за возбуда на терените од третолигашката сцена.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: