Отворен новиот Градски зелен пазар во Кавадарци

Pazar Kavadarci otvaranje

Во Кавадарци денеска е отворен новиот Градски зелен пазар, кој се простира на површина од 2.100 квадратни метри, со три нивоа. Приземно и подземно, со вкупно 130 паркинг места, магацински простор и санитарни јазли.

Zito baner

Делот за пазарување располага со 190 модерни тезги и шест фрижидери. Сите нивоа се поврзани со скали, товарен лифт за достава на роба и помал лифт за пешаци. Според градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, ова е еден од најголемите и најзначајните проекти на општината. Изградбата од бетон и челик чинела 105 милиони денари, а опремувањето 12 милиони денари.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Градскиот пазар после 60 години доби модерен и атрактивен изглед и јас сум посебно горд поради овој проект“, нагласи градоначалникотЈанчев.

После шест децении Кавадарци денеска и официјално го доби новиот градски зелен пазар. Изградбата траеше десет месеци и чини 105 милиони денари, пари што општина Кавадарци ги обезбеди преку заем од домашна банка. Пазарот е еден од најсовремените во земјава. Покриен, опремен со современи тезги и разладни витрини. Денеска свечено во работа го пуштија градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на советот д-р Стојанчо Рамов. На свеченоста присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Posted by КТВ-телевизија on Friday, April 8, 2022

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: