
Денес во просториите на Женскиот фудбалски клуб беше потпишан Договор за заедничко делување во областа на спортот и меѓународната соработка со Развоен центар за млади од Белград, Република Србија.
Договорот го потпишаа претседателот на клубот Кирил Лазов и Александра Кнежевиќ од Развоен центар за млади од Белград, Република Србија. Целта на Договорот е вклучување на ЖФК Борец во концептот Животни Шампиони кој е започнат во 2020 година а се фокусира на улогата на тренерите како едукатори и педагози.
Содржината продолжува под рекламата


Овој проект е поддржан од Совет на Европа, Европска Комисија и Фондација УЕФА, а медиумски покровител на овој проект е Арена Спорт.
Можеби ќе ве интересира:
https://batali.mk/34025/dizelot-pevtinuva-za-25-a-benzinite-za-polovina-denar/
















