Во ноќна сообраќајна контрола спроведена во Велес, полицијата приведе млад возач кој управувал автомобил без да има положено возачки испит, информираат од СВР Велес.
На 08.03.2026 во 01:15 часот на улицата „Славко Ѓорѓиев Сватот“, полициски службеници запреле патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал С.Х. (28) од село Горно Оризари. При проверката било утврдено дека лицето управувало со возилото пред да се стекне со право на управување, односно без положен возачки испит.
По насоки на јавен обвинител, С.Х. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, додека возилото било привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



















