Македонските кајакари не изборија финале на Светско Првенство во кајак-спуст

Spasik Augsburg

Кајакарите на македонската сениорска репрезентација во кајак-спуст во состав  Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов, сите членови на ККК Арка Борец од Велес, не изборија пласман во финалето на Светското првенство во Германија во градот Аугсбург.

Содржината продолжува под рекламата

Најдобар пласман во во дисциплината К1 избори Љубомир Спасиќ кој го освои 18 место, со заостанување од 4,51 секунда зад водечкиот Лука Бароне. Златаров заврши на 28 место а веднаш зад него е Благој Гугинов на 29 место. Кристијан Лазаров го зазеде 37 место.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Денес македонската сениорска репрезентација ќе учествува во финалето на тимско возење во состав Спасиќ, Златаров и Гугинов. Натпреварите започнуваат во 14 часот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: