![Veles dron Ivan](https://batali.mk/wp-content/uploads/dji_0003.jpg)
Според извештајот на министерството за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирусот, a во моментов бројката на активвни велешани кои што се заразени со коронавирусот изнесува двајца граѓани.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.743 тестирање, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19:
Тетово – 6, Гостивар – 2 и Охрид – 1.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Струмица – 3, Крива Паланка и Кичево – по 1, a nе се регистрирани починати пациенти.
Oд почетокот на епидемијата, досега во Македонија се направени вкупно 897.647 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.741, бројката на оздравени пациенти е 150.114, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 141.
Можеби ќе ве интересира: