30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Две лица повредени во сообраќајка на патот Велес – Градско

Soobrakajka

Две лица се повредени во сообраќајка што се случила вчера попладне на регионалниот пат Велес – Градско, во близина на клучката Караслари.

Zito akcija 640x289px

Сообраќајна несреќа се случила меѓу товарно возило „волво“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Д.Н. од кавадречкото село Ваташа и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Х.У. од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со повреди се здобил неговиот сопатник 60- годишниот П.К. од село Долно Соње, Општина Сопиште, констатирани во Општата болница – Велес, информира денеска портпаролот на СВР Велес Биљана Ѓаковска.

Agria

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: