30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Обвинителството бара доживотен затвор за убиецот на Емилија Пешева, кој призна вина

stip-2

Обвинителството побара доживотна казна затвор за 33-годишниот Фадил Зејнелов, кој пред три години ја уби својата партнерка Емилија Пешева.

Zito akcija 640x289px

Обвинетиот ја призна вината, а по убиството на 1 ноември минатата година, тој самиот се пријави во полицијата. Сепак, Обвинителството верува дека тоа не треба да биде олеснителна околност бидејќи Зејнелов веќе 10 години поминал во затвор за други дела.

Agria

Доживотна казна бара и семејството на Емилија.

„Обвинителството кажа убаво, казната да биде доживотна за монструмот што ни ја утепа ќерката. Очекувам дека судот ќе пресуди доживотна, а тоа го сакаме и ние како родители“, рече таткото на Пешева во изјава за медиумите пред судот тврдејќи дека убиецот, по убиството, не заминал директно во полицијата, туку првин отишол во казино и играл комар.

Пресудата ќе биде објавена в среда на 12 февруари.

Според обвинението, тој се товари дека откога се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и почнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот како резултат на што жената починала.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: