Малолетните вандали за казна да работат општокорисни работи, заедно со нивните родители, предложи градоначалникот на скопски Центар, а ЗЕЛС едногласно прифати.
Предлогот и официјално ќе биде испратен до владата, со барање, да се формира стручна работна група, што ќе подготви измени на повеќе закони. Градоначалниците се надеваат дека, мерката ќе помогне во спречување на вандализмот и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.
Очекуваат Владата и надлежните институции да ја поддржат иницијативата, затоа што вандализмот и уништувањето на урбаната опрема, јавните површини и јавните добра се проблем кој бара системско решение.