Од денеска поевтинуваат над 1000 производи во маркетите

Kam Market

Од денеска поевтинуваат над 1000 производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите. Трговците изразија загриженост и побараа средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија Бесар Дурмиши.

Zito akcija 640x289px

Десетпроцентни се маржите за месото и месните преработки, за шеќерот, оризот, гравот, за тестенините, за сирењето, кашкавалот, маргаринот, путерот, кафето, соковите, конзервирниот зеленчук и овошје, како и за одредени алкохолни пијалаци. А, пак, добар дел од видовите свежо овошје и зеленчук ќе се продаваат со лимитирани маржи до 15 проценти, исто како и средствата за лична хигиена и бебешката храна.

Agria

Сите производи треба да се достапни за потрошувачите и треба да бидат означени со „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Одлуката стапува на сила и ќе важи до 30 април. Опозицијата ја оцени како задоцнета, барајќи порадикални мерки и намалување на ДДВ за основните производи. Трговците предложија селективно намалување на цените за најнеопходните артикли.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: