Вики клуб Велес како дел од Викимедија МКД, oваа година реализираше уште една работилница со ученици членови на Вики клуб Велес во грнчарска работилница на Којник. Тема за 2025 година се „Занаети и народни носии“.
Под менторство на матичниот википедијанец и професор Лила Арсова, координатор на клубот, на 16 04 2025 година активно учествуваа во посета на грнчарска работилницa кај грнчарот Ване. Програмата ГЛАМ е една од главните програми на кои работи здружението Викимедија МКД.
Во просториите на грнчарската работилница на Ване на Којник во Велес се одржа едукативна работилница за членовите на Вики Клуб Велес. Младите Википедијанци се запознаа со традиционалниот грнчарски занает. На учесниците на работилницата грнчарот им го објасни и покажа целиот процес од обработка на глината до готов производ. Имаа прилика да се запознаат и со алатот кој се користи како грнчарско колце, преса за месење на глината, разни дрвени и
метални чекани, буре во кое се кисне глината, делот каде се сушат грнчарските производи и печката каде се истите се печат 10 часа на температура од 900 степени.
Грнчарскиот занает тој започнал да го изучува од својата младост и вели дека нема кој да го наследи неговиот занает. Работилницата беше проследена со големо задоволство и интерес од страна на учесниците. На крај грнчарот Ване за спомен им подари на учесниците по еден грнчарски производ. Овој традиционален занает полека изумира и во Велес.