Дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случила попладнево во близина на Театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
Несреќата се случила околу 16:45 часот, а според првични, неофицијални информации, во неа е вмешано патничко возило од марката „Алфа Ромео“.
Повреденото дете е пренесено во Општата болница во Велес. Засега не се познати неговата здравствена состојба, возраста и идентитетот.
На местото на несреќата присутни се екипи на Секторот за внатрешни работи Велес, кои вршат увид за да ги утврдат точните причини и околности под кои се случил инцидентот, а сообраќајот се одвива отежнато
Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот и официјалното соопштение од надлежните институции.