Борец сигурен и против Сушево, нова максимална победа во плеј-офот

Odbojka Borec

Одбојкарите на Борец продолжуваат со одличните настапи во плеј-оф разигрувањето. Во рамки на второто коло, велешани забележаа убедлива гостинска победа кај екипата на Сушево, славејќи со максимални 3:0 во сетови (19:25, 20:25, 15:25).

Велешани од самиот почеток ја наметнаа својата игра и не му дозволија на домаќинот сериозно да се врати во натпреварот. Со сигурен прием, ефикасен напад и дисциплинирана игра во сите сегменти, Борец рутински ги освои трите бода и уште еднаш ја потврди добрата форма.

Agria

Во следното, трето коло од плеј-офот, велешката екипа ќе настапи на домашен терен, каде ќе ја пречека екипата на Универзитет од Тетово. Во Борец се надеваат на продолжување на победничката серија и нов триумф пред својата публика.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: