Банкар од Велес осомничен дека исплаќал пари од туѓа сметка

denari

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Џ.(27) од Велес поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „проневера во службата“.

Според информациите од полицијата, во текот на септември 2025 година пријавениот, во својство на службено лице во експозитура на банка во Велес, во три наврати извршил неосновани готовински исплати од трансакциската сметка на оштетеното лице В.Ф.

Agria

Со ваквите дејствија, како што информираат од СВР Велес, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист, а на оштетеното лице му била нанесена материјална штета во вкупен износ од 249.990 денари. Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: