Одбивање на преглед доведе до приведување на градоначалникот на Бања Лука

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, бил приведен на граничниот премин меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина затоа што одбил да му биде прегледан личниот багаж, потврди денеска хрватската полиција, додека градоначалникот на Бања Лука тврди дека е подложен на систематска злоупотреба при преминување на границата.

Хрватската полиција појасни дека Станивуковиќ бил приведен на граничниот премин „Стара Градишка“ откако одбил преглед на неговиот багаж, што претставува прекршување на Законот за надзор на државната граница.

Agria

Според полицијата, тој пристигнал на границата синоќа, по 22 часот, а бидејќи одбил преглед на багажот, бил приведен за прекршочна постапка и бил ослободен околу 2 часот утринава.

Самиот Станивуковиќ го потврди апсењето во објава на социјалните мрежи, објаснувајќи дека не сака да ѝ дозволи на хрватската полиција „да го притвора по четиринаесетти пат, да го претресува, да му зема приватни работи и нивните кучиња да го мирисаат“.

Тој тврди дека станува збор за „прашање на став кон Србите“.

Соработниците на Станивуковиќ денеска свикаа прес-конференција пред Генералниот конзулат на Хрватска во Бања Лука.

„Протестираме против перманентното притворање на градоначалникот Станивуковиќ“, рече Драган Милановиќ, претставник на Партијата за демократски напредок (ПДП) во собранието на Бања Лука, тврдејќи дека ставот кон градоначалникот всушност е кршење на Европската конвенција за човекови права, која гарантира слобода на движење.

Тој ја обвини хрватската полиција за „нечовечко малтретирање“ кон Станивуковиќ и ги повика сите службеници во РС и властите на ниво на БиХ да протестираат до хрватските власти.

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, најави дека ќе побара од ентитетскиот министер за внатрешни работи да ги провери со МВР на Хрватска сите информации за апсењето на Станивуковиќ.

„Тој е граѓанин на РС и нè интересира конкретната причина за неговото притворање“, напиша Миниќ во објава на мрежата Икс.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: