Велешката полиција приведе две лица осомничени за кражба, откако кај нив бил пронајден дел од одземените предмети, кои ќе бидат вратени на сопственикот.
Според информациите од СВР Велес, на 23.03.2026 во 16:15 часот во Велес, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(23) и Б.З.(30), двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека извршиле кражба од помошна просторија и од возило сопственост на 51-годишен велешанец.
По преземените мерки, дел од одземените предмети биле пронајдени и ќе му бидат вратени на сопственикот. Осомничените биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

















